Филипинскиот претседател за прекршителите на карантинот: Војската и полицијата нека ги застрелаат

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денес предупреди дека ќе им нареди на војската и полицијата да го убијат секој „што создава проблеми“ во едномесечниот карантин со кој земјата се обидува да го сопре ширењето на коронавирусот.

„Нека ова биде предупредување за сите – слушајте ја владата во ова време бидејќи е клучно да имаме ред“, кажа тој на обраќањето до нацијата.

„И немојте да им наштетите на здравствените работници, на лекарите, бидејќи тоа е сериозен злочин“.

„Моите наредби на полицијата и војската, ако некој создава проблеми, а вашите животи се загрозени: застрелајте ги“, додаде Дутерте.

Тој им издаде предупредување на сите жители на сиромашните квартови во Кезон Сити во округот Манила кои вдолж автопатот во близина на своите домови протестирале поради тоа што не добиле пакети со храна и други намирници откако пред две недели почна карантинот.

Силите за безбедност ги предупредиле жителите да се вратат во своите домови, но тие одбиле, јави полицијата, па протестот бил растурен и 20 луѓе биле уапсени.

На Филипини досега од вирусот умреа 96 луѓе, а заразени се 2.311.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе