Војна со ѓубре

Филипини ѝ вратија на Канада контејнери со тони отпад (ВИДЕО)

Во Канада пристигна товарен брод со контејнери со канадски отпад кој со години бил чуван на Филипините. Враќањето на ѓубрето во земјата е епилогот на дипломатската криза меѓу Манила и Отава, и ја истакнува желбата на азиските земји повеќе да не бидат депонија за целиот свет.

Бродот „Ана Маерск“ во терминалот во Ванкувер достави 69 контејнери ѓубре, соопштија локалните власти. Отпадот бил претоварен во камиони и одвезен во специјализирани депонии за согорување.

Тој отпад на Филипините бил шест години и во центарот на дипломатската криза со Канада. Конфликтот потекнува од периодот 2013-2014, откако една канадска компанија испратила контејнери означени како „пластичен отпад кој може да се рециклира“. Тие всушност содржеле секаков вид отпад, од кои дел се распаѓал, вклучувајќи домашно ѓубре, па дури и пелени.

Дел од тој товар бил преработен, но поголемиот дел скапувал по филипинските пристаништа.

Спорот се претвори во отворена криза кога претседателот на Филипини Родриго Дутерте се закани дека во април годинава „ќе прогласи војна со Канада“, ако не ги врати контејнерите, а потоа во мај го повика амбасадорот на својата земја во Отава „на консултации“. Набрзо потоа Отава најави брза „репатријација на отпадот“, обезбедувајќи „безбедно и еколошки правилно справување да се изврши во Канада до 2019“.

Отава исто така ги промени своите прописи за да спречи иден извоз на таков материјал без дозвола.

Но во мај, властите на Малезија ја критикуваа Канада откако една приватна компанија во во Куала Лупмур испрати контејнер со пластичен отпад од продавници за храна.

Индустриски развиените земји имаат проблеми со одложувањето на пластичниот отпад бидејќи Кина, која до скоро го прифаќаше, престана тоа да го прави минатата година, истакнувајќи ја загриженоста за животната средина.

Примерот на Пекинг го следеа неколку земји од југоисточна Азија, но огромни количества отпад сепак беа доставени во Малезија и Индонезија.

Според официјално истражување, Канада произведува повеќе отпад по глава на жител отколку земјите со сличен животен стандард – Соединетите Држави или Јапонија.

Решението е драстично да се намали количеството отпад што се произведува, особено пластичниот отпад, сметаат експертите.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе