Бившиот амбасадор во Македонија

Филип Рикер сведочи во истрагата за отповикување на американскиот претседател

Истрагата на демократите во Конгресот за импичментот на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува со сведочењето на високиот функционер на Стејт департментот Филип Рикер, ден откако окружната судијка ја отфрли жалбата на републиканците дека истрагата е нелегална.

Рикер, кој е вршител на должноста државен секретар за Европа и Евроазија, сведочи пред членовите на комитетот за надворешна политика, разузнавање и надзор на владата во Претставничкиот дом.

Ова е прво сведочење што се случува за време на викендот во Конгресот, бидејќи сведочењето на Рикер беше одложено поради комеморацијата на конгресменот Елајџа Камингс, кој претседаваше со комитетот за надзор и имаше водечка улога во истрагата за отповикување.

Судијката на окружниот суд Берил Хауел во петокот го отфрли тврдењето дека процесот на отповикување е нелегален и ѝ нареди на администрацијата Трамп да му го предаде на Конгресниот судски комитет тајниот материјал од поранешниот специјален обвинител Роберт Малер за руското мешање во изборите во САД.

Рикер (54) е дипломат од кариера, кој, меѓу другото, се занимава и со Украина, земјата во центарот на истрагата на Трамп. Рикер ја извршува должноста помошник државен секретар на оваа позиција од 18 март. Некои сегашни и поранешни американски официјални лица веруваат дека претседателот Трамп води кампања против дипломатите од кариерата. Некои од нив веќе се сретнаа со иследниците на Конгресот.

Инспекторите се очекува да го прашаат Рикер за Трамповото ненадејно отпуштањена американската амбасадорка во Украина Мари Јованович во мај.

Според мејловите доставени до конгресните комитети овој месец, Рикер бил меѓу дипломатите што се обиделе да интервенираат кога приврзаниците на Трамп ја обвинија Мари Јовановиќ дека не му е лојална на претседателот.

Филип Рикер беше и амбасадор на САД во Македонија.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе