„Потекнуваше од сосема нормално семејство“

Фејзулаи го најавил нападот на Инстаграм, позирал со оружјата (ФОТО)

Главниот осомничен во нападот во Виена го најавил злосторството на својот профил на Инстаграм, објави германски Билд.

Фото: Инстаграм

Како што пренесе Билд, убиецот пред нападот позирал на својот профил на Инстаграм со автоматска пушка, пиштол и мачета. Изгледот на човекот на сликата одговара на напаѓачот во Виена.

Како што понатаму објави весникот, сторителот објавил писмо за лојалност кон Исламска држава. Профилот сега му е блокиран.

Покрај тоа, Билд известува и дека Фејзулаи утрово пред нападот им испратил две снимки на двајца познаници, на кои наводно биле видени слики од нападот врз францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо од 2015 година. Во тоа време, двајца исламистички напаѓачи упаднаа во уредничката зграда на весникот и убија 17 лица.

„Тој потекнуваше од сосема нормално семејство. За мене тоа беше тинејџер што беше доволно несреќен да стекне погрешни пријатели. Да не одеше во џамија, туку на бокс, ќе станеше боксер“, рече виенскиот адвокат за кривична одбрана Николаус Раст во описот на 20-годишното момче. „Никогаш не би помислил дека е можно тој да стане убиец“, рече Раст, кој го застапувал Фејзулаи на рочиштето во Виенскиот регионален суд.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Карл Нехамер, денеска го опиша Кујтим Фејзулаи како исламистички терорист со потекло од Македонија и двојно државјанско, македонско и австриско. Рече дека Фејзулаи претходно бил фатен како се обидува да ја премине турската граница и да влезе во Сирија за да ѝ се приклучи на групата Исламска држава, па во април 2019 година бил осуден на 22 месеци затвор. Во декември 2019 тој добил предвремено ослободување според законот за малолетници.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе