Фејсбук вработувал странци на штета на Американците. Казната е милионска

Фејсбук во вторникот се согласи да плати 14,24 милиони долари за да го прекине судскиот прогон од американските власти кои го обвинуваат дека некои добро платени работни места ги доделил на странски државјани, на штета на американски граѓани и жители со дозвола за постојан престој (зелена карта).

Фото: ЕПА

Американското Министерство за правда поднесе тужба кон крајот на 2020 година, оценувајќи дека социјалната мрежа намерно изградила систем за вработување што ги спречува квалификуваните Американци да дознаат за одредени работни места и да се натпреваруваат, на пример, со неприфаќање на онлајн кандидатури.

Компанијата на Марк Зукерберг всушност ги чувала тие работни места за вработените кои веќе работеле таму со привремена виза и сакале да добијат зелена карта, велат од министерството.

На почетокот на годината, Министерството за труд отвори истрага за политиката за вработување на компанијата.

„Фејсбук не е над законот и мора да ги почитува граѓанските права што важат во нашата земја“, рече заменичката на главниот обвинител Кристен Кларк.

Во пораката објавена во вторникот, компанијата тврди дека ги почитувала прописите, но дека постигнала договор за да го запре судскиот прогон.

Ова ќе му овозможи на Фејсбук „да продолжи да се фокусира на ангажирање на најдобрите работници, без разлика дали доаѓаат од Соединетите Држави или од светот, и да ги поддржува (своите) висококвалификувани вработени носителите на виза кои сакаат да добијат дозвола за постојан престој“, рече портпаролката на компанијата.

Спогодбата постигната со Министерството за правда предвидува парична казна во износ од 4,75 милиони долари и исплата од 9,5 милиони долари на потенцијалните жртви на „дискриминација“ поради нивното државјанство или имигрантскиот статус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе