Фејсбук во првите 24 часа отстранил 1,5 милиони снимки од нападот врз џамиите

Социјалната мрежа Фејсбук во првите 24 часа отстранила 1,5 милиони постирани снимки од нападот врз џамиите кои ги објавувале корисници, соопшти компанијата.

Од Фејсбук истакнаа и дека ги отстраниле и сите едитирано верзии на оригиналната снимка кои во себе немаат вознемирувачка содржина.

Социјалната мрежа има две милијарди корисници.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн порача денес дека сака расправа за „стримингот“ во живо на таа социјална мрежа. Ардерн кажа дека оперативната шефица на Фејсбук, Шерил Сендберг, го изразила своето сочувство за нападот врз двете џамии во кој загинаа 50 луѓе, а некои делови од нападот беа во живо пренесувани на социјалната мрежа.

„Ми се јави Шерил Сендберг. Не разговарав со неа директно но ни се јави, изрази сочувство за тоа што се случи на нов Зеланд“, кажа Ардерн на прес-конференција.

На прашањето дали Фејсбук треба да го оневозможи стримувањето видеа во живо, таа одговори: „Ова е проблем за кој ќе расправам директно со Фејсбук“.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе