Фејсбук тврди дека само 4.000 корисници ја гледале снимката од масакрот во Нов Зеланд

Видеоснимката што го прикажува нападот во двете џамии во Нов Зеланд имала четири илјади кликови пред да биде отстранета од социјалната мрежа, соопшти Фејсбук.

Обвинетиот австралиски државјанин Брентон Тарант, кој е обвинет за убиството на педесет луѓе во оружениот напад во двете џамии во Крајстчерч, го снимаше масакрот, кој во живо беше пренесуван на Фејсбук.

Од социјалната мрежа соопштија дека видеоснимката во живо ја гледале околу 200 корисници, а вкупниот број на прегледи пред отстранувањето достигнал 4.000.

Првата пријава од корисниците пристигнала 29 минути од постирањето на снимката, и 12 минути откако преносот во живо завршил.

Социјалните медиуми се под сериозна критика за тоа што не направиле доволно за навреме да ја отстранат снимката од своите платформи.

Видеото потоа во различни формати беше споделувано по Фејсбук. Компанијата кажа дека тие откривале различни верзии на снимката и автоматски ги отстранувале од Фејсбук и од Инстаграм.

Социјалната мрежа соопшти и дека во првите 24 часа по емитувањето отстранила 1,5 милион снимки од нападот.

Редит, Твитер и Јутјуб исто така тврдат дека направиле сѐ што можеле за брзо да ги отстранат содржините поврзани со терористичкиот напад.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе