Фејсбук призна дека вработените можеле да видат милиони лозинки на корисниците

Фејсбук призна дека по грешка сочувал „стотици милиони" кориснички лозинки во обични текстуални датотеки, без да бидат заштитени со било каква енкрипција, пишува Гардијан.

Педро Канахуати, потпретседател на Фејсбук за инженерство, безбедност и приватност, потврди дека лозинките биле видливи за вработените во Фејсбук, што би можело да значи дека илјадници луѓе имале пристап до приватни сметки на таа социјална мрежа.

Сепак, Канахуати додаде дека нема докази дека било кој од вработените ги злоупотребил своите овластувања и нагласи дека Фејсбук наскоро ќе ги контактира сите оние корисници чии лозинки биле сочувани на тој начин.

„Проценуваме дека наскоро за тоа ќе ги известиме стотици милиони корисници на Фејсбук лајт, десетици милиони корисници на други верзии на Фејсбук и десетици илјади корисници на Инстаграм“, напиша Канахуати.

„За нас нема ништо поважно од заштитата на информациите на корисниците, постојано работиме на подобрување на нашиот систем за безбедност и приватност“, додаде тој.

Најдобрата пракса за безбедноста на лозинката вклучува голем број на мерки на претпазливост за да се осигура дека, дури и ако компанијата е хакирана, украдените лозинки да не можат да се користат. Лозинките треба да се „хашнати“, еднонасочен процес кој ја трансформира секоја лозинка во уникатен „хаш“ и идеално да бидат „салтед“, што ќе осигура дека дури и две идентични лозинки ќе произведат различен „хаш“. Тоа се безбедносните практики што Фејсбук вообичаено ги презема, но кои биле превидени во овој случај.

Канахуати рече дека Фејсбук сега го решиле ова прашање, како и некои проблеми што ги открила компанијата во други безбедносни погледи, како што е кодот со кој корисниците се пријавуваат преку други апликации.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе