Фејсбук на медиумите ќе им плаќа милиони за користење на нивните вести

Фејсбук им нуди милионски суми на произведувачите на вести за правото нивната медиумска содржина да ја користи во секцијата вести, за која компанијата се надева дека ќе ја почне кон крајот на годинава, тврдат луѓе блиски до оваа тема.

Претставниците на Фејсбук им кажале на директорите на медиумите дека се спремни да платат и до три милиони долари годишно за лиценца за комплетните приказни, наслови и преглед на текстовите. Истите извори наведуваат дека меѓу изворите на вести со кои Фејсбук сака да соработува се Еј-би-си еуз на Дизни, сопственикот на Вол стрит џурнал Дау Џонес, Вашингтон пост и Блумберг, пишува Вол стрит џурнал.

Плановите на Фејсбук се откриени во момент кога компанијата се соочува со сѐ повеќе критики поради својата улога во борбата на медиумската индустрија да собере што е можно повеќе приходи од огласувањата, кои досега одеа во весниците. Фејсбук и Гугл заработија 60 отсто од сите приходи од дигиталното огласување во САД минатата година, наведува Имаркетер.

Договорот за лиценцата за вестите меѓу Фејсбук и медиумите ќе трае три години. Фејсбук планира да почне со вестите во текот на есента, наведуваат изворите. Не се знае дали некоја медиумска куќа веќе се согласила да ја лиценцира својата содржина на социјалната мрежа.

Фејсбук предложи на медиумите да им ја препушти одлуката како нивната содржина ќе се појави во секцијата со вести. На медиумите ќе им биде дозволено да бираат дали своите вести ќе ги објават директно на Фејсбук или ќе објават само наслови и кратка содржина и корисниците ќе ги пренасочат на сопствените интернет страници. Во тој случак секцијата вести би била генератор за веб сообраќај за произведувачите на вести, како и извор на приходи од лиценцирањето.

Извор близок до Фејсбук вели дека планира да собира повратни информации од медиумските организации за да ја подобри својата секција со вести.

Гугл, еден од најголемите конкуренти на Фејсбук, е мета на критики поради тоа што не им ги плаќа на медиумските куќи насловите и сижеата кои се појавуваат на неговиот пребарувач.

Директорот на Фејсбук Марк Зукерберг ја најави можноста за создавање секција со вести на почетокот на оваа година во интервју со директорот на Аксел Спрингер, Матијас Дефнер. За време на разговорот Закерберг кажа дека се залага за промовирање „повеќе квалитетни вести“ и создавање „бизнис модел и екосистем кој ќе ги поддржува“.

Некои издавачи остануваат скептични кон најновиот обид на Фејсбук да финансира содржини, особено поради неговата историја на поддржувањето на иницијативите како Фејсбук лајв, чии содржини одредено време се плаќаа, за да ги отфрли плановите за финансирање кога таквите производи ќе станат неуспешни. „Од издавачот се бара многу ако тоа подразбира да се обврземе за нешто за што никој од нас нема поим дали ќе функционира“, вели друг извор.

Фејсбук, како и другите технолошки компании, е под надзор на владините регулаторни тела, кои спроведуваат антимонополски истраги. Федералната комисија за трговија истражува дали Фејсбук преземал аквизиции за да спречи потенцијални конкурентски закани.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе