Фејсбук ќе се бори против луѓето кои споделуваат дезинформации

Фејсбук соопшти дека ќе преземе посилни акции против корисниците кои повторно споделуваат неточни информации на платформата.

Фејсбук ќе ја намали дистрибуцијата на сите објави на страницата за новости на корисничките профили доколку корисникот често споделува содржина што се покажува лажна, а е проверена од некои партнерски компании за проверка на факти, соопшти гигантот за социјални медиуми.

Исто така, додава дека иницирал начини да ги информира луѓето за тоа дали користат содржина што е проценета преку проверка на факти. Бројот на неточни тврдења и теории на заговор е зголемен на платформите на социјалните мрежи за време на пандемијата на коронавирусот, вклучувајќи ги Фејсбук и Твитер.

„Без разлика дали станува збор за неточна или погрешна содржина во врска со ковид-19 и вакцините, климатските промени, избори или други теми, гарантираме дека помалку луѓе ќе видат лажни информации на нашите апликации“, се вели во соопштението на компанијата.

Претходно оваа година, Фејсбук објави дека отстранил 1,3 милијарди лажни профили во периодот меѓу октомври и декември, воочи инспекцијата на американскиот Одбор за енергија и трговија со цел да се дефинира како технолошките платформи се борат со неточни информации.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе