Според бивша вработена

„Фејсбук ќе поттикне уште понасилни немири низ целиот свет“ ако продолжи вака

Фејсбук ќе поттикне уште понасилни немири низ целиот свет ако не ги спречи своите алгоритми да ги наметнуваат екстремните содржини и содржините што предизвикуваат раздор, предупреди во понеделникот во британскиот парламент бившата вработена во Фејсбук Френсис Хауген.

Фото: ЕПА

Поранешната вработена во Фејсбук што претходно месецов го обвини технолошкиот гигант дека го става профитот пред луѓето во поткомитетот на Сенатот, рече дека е охрабрена од британските планови да ги принудат големите технолошки компании да се позанимаваат со штетната содржина на нивните платформи.

Според неа, компанијата ја видела безбедноста на мрежата како трошок и ја усовршила културата на покренување во која е добро да се работи. „Нема сомнеж дека тоа ја влошува омразата“, рече Хауген.

Со фокус на САД, компанијата намерно се правеше слепа за влијанието на многу пазари каде што недостигот од персонал на локалниот јазик значеше дека честопати не ја разбира токсичната или опасна природа на пораките на платформата, истакна Хауген.

Најголемата социјална мрежа во светот ги отфрли тие обвинувања, а извршниот директор Марк Закерберг во почетокот на овој месец изјави дека е нелогично да се тврди дека Фејсбук намерно поттикнувал содржини што ги налутиле луѓето.

„Спротивно на она што беше дискутирано на сослушувањето, ние секогаш сме имале комерцијален поттик да ги отстраниме штетните содржини од нашите сајтови. Луѓето не сакаат да го гледаат тоа кога ги користат нашите апликации, а огласувачите не сакаат нивните реклами да бидат покрај нив“, се вели во соопштението на Фејсбук.

Во соопштението се вели дека 13 милијарди долари се потрошени за безбедноста на корисниците и дека е потребна регулатива на целата индустрија.

Велика Британија усвојува закони со кои компаниите на социјалните мрежи би можеле да ги казнат до 10 отсто од нивниот промет доколку не го отстранат или ограничат ширењето незаконска содржина.

Преку својот правен советник Хауген достави повеќе од 10.000 страници интерни документи на Фејсбук до Комисијата за хартии од вредност и Конгресот во редактирана форма.

Редактираните верзии беа прегледани од конзорциум од 17 американски новински организации.

Во петокот конзорциумот почна да објавува серија приказни – заеднички наречени „Фејсбук-документи“ врз основа на интерните документи на компанијата.

Тие даваат увид во внатрешната култура на Фејсбук, неговиот пристап до дезинформациите и модерирањето на говорот на омраза, внатрешното истражување на неговиот алгоритам за вести, внатрешната комуникација…

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе