Фејсбук, Јутјуб, Гугл и светските лидери заедно во борбата против тероризмот (ВИДЕО)

Светските лидери се здружија со технолошките компании, вклучувајќи ги Фејсбук, Јутјуб и Гугл, за да основаат организација за борба против терористичките и екстремистички содржини на мрежата, објави новозеландската премиерка Џасинда Ардерн.

Новиот самостоен глобален интернетски форум за борбата против тероризмот (ГИФЦТ) ќе ја попречува терористичката и насилна екстремистичка употреба на социјалните мрежи, објасни Ардерн на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Ардерн ги повика интернет-компаниите да преземат акција откако терористот кој изврши ужасен масакр во џамиите во Нов Зеланд оваа пролет го емитуваше својот крвав поход во живо преку Интернет.

Исечоци од преносот потоа биле „копирани и повторно објавувани во невидени размери“, се вели во заедничката изјава на Ардерн и францускиот претседател Емануел Макрон.

Бројот на држави кои ја поддржуваат иницијативата се зголеми на 48 земји и 3 меѓународни организации, се вели во соопштението.

Ардерн рече дека новиот протокол за одговор на криза, по терористички и екстремистички напади, ќе им помогне на владите и технолошките компании да координираат и управуваат со нападите преку Интернет.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе