Фејсбук, Јутјуб, Гугл и светските лидери заедно во борбата против тероризмот (ВИДЕО)

Светските лидери се здружија со технолошките компании, вклучувајќи ги Фејсбук, Јутјуб и Гугл, за да основаат организација за борба против терористичките и екстремистички содржини на мрежата, објави новозеландската премиерка Јасинда Ардерн.

Новиот самостоен глобален интернетски форум за борбата против тероризмот (ГИФЦТ) ќе ја попречува терористичката и насилна екстремистичка употреба на социјалните мрежи, објасни Ардерн на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Ардерн ги повика интернет-компаниите да преземат акција откако терористот кој изврши ужасен масакр во џамиите во Нов Зеланд оваа пролет го емитуваше својот крвав поход во живо преку Интернет.

Исечоци од преносот потоа биле „копирани и повторно објавувани во невидени размери“, се вели во заедничката изјава на Ардерн и францускиот претседател Емануел Макрон.

Бројот на држави кои ја поддржуваат иницијативата се зголеми на 48 земји и 3 меѓународни организации, се вели во соопштението.

Ардерн рече дека новиот протокол за одговор на криза, по терористички и екстремистички напади, ќе им помогне на владите и технолошките компании да координираат и управуваат со нападите преку Интернет.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе