Повикувајќи се на немирите во Капитол

Фејсбук ја продолжи забраната за Трамп на најмалку 2 недели

Фејсбук и неговата подружница Инстаграм ќе продолжат да ги блокираат постовите на Доналд Трамп сè додека новоизбраниот претседател Џо Бајден официјално не влезе во Овалната канцеларија, рече Марк Закерберг, повикувајќи се на немирите во Капитол во средата.

Фото: ЕПА

Прогласувајќи дека „ризиците да му се дозволи на претседателот да продолжи да ги користи нашите услуги“ до инаугурацијата на Бајден се „едноставно премногу големи“ за да бидат дозволени, извршниот директор Закерберг во четвртокот објави дека профилите на претседателот ќе останат блокирани „најмалку следните две недели“.

Закерберг рече дека Трамп има намера „да го искористи преостанатото време на функцијата за да ја поткопа мирната и законска транзиција на власта“ до Бајден, тврдејќи дека претседателот намерно го користи Фејсбук како оружје за „да поттикне насилен бунт против демократски избрана влада“.

The shocking events of the last 24 hours clearly demonstrate that President Donald Trump intends to use his remaining...

Posted by Mark Zuckerberg on Thursday, 7 January 2021

Извршниот директор на Фејсбук тврди дека последните објави на Трамп во кои обвинува за украдени претседателски избори имале цел „да предизвикаат понатамошно насилство меѓу приврзаниците и непријателите“, и инсистира дека целата земја сега мора да се здружи за да се осигури дека Бајден е инаугуриран на начин „мирен и во согласност со утврдените демократски норми“.

Социјалниот медиум во средата отстрани или обележа неколку натписи на Трамп, додека неговите приврзаници упаѓаа во Капитол, нарекувајќи ги „поттикнување насилство“. Ако му беше дозволено да продолжи да објавува, рече Закерберг, Трамп само ќе продолжеше да ги турка своите приврзаници во бездната.

Иако Закерберг призна дека неговата платформа претходно им дозволила на Трамп и на други контроверзни фигури да објавуваат непристоен материјал, инсистирајќи на тоа дека јавноста „има право на најширок можен пристап до политичкиот говор“, тој тврди дека „сегашниот контекст е фундаментално поинаков“ – бидејќи од мандатот на Трамп останува уште помалку од еден месец.

Претседателот досега повеќепати ветуваше дека ќе им ја одземе заштитата од правна одговорност на Фејсбук и сличните социјални мрежи, очигледно без некаков конкретен резултат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе