Фејсбук го суспендираше Трамп на две години

Фејсбук ги суспендираше профилите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на две години.

Фото: ЕПА

Се работи за кориснички профили на Фејсбук и Инстаграм.

Фејсбук соопшти дека постапките на Трамп се „сериозно кршење на правилата“.

Потегот на Фејсбук му го скратува на Трамп главниот медиум за обраќање до јавноста воочи изборите во ноември 2022 година, кога неговата Републиканска партија ќе се бори за места во Конгресот.

Меѓутоа, може сепак ќе успее да се врати на Фејсбук пред следните претседателски избори кон крајот на 2024 година.

На Трамп веќе трајно му е забрането „твитање“, а по немирите во Капитол суспендиран е и од Јутјуб.

Поранешниот претседател, кој оваа недела исто така го затвори својот неодамна започнат блог, најави можност за лансирање на своја платформа, но неговиот тим даде малку детали за тоа.

„Со оглед на сериозноста на околностите што доведоа до суспендирање на Трамп, веруваме дека неговите постапки претставуваат сериозно кршење на нашите правила и заслужуваат највисока можна казна според новите протоколи“, рече шефот за глобални работи на Фејсбук, Ник Клег.

Независниот надзорен одбор на Фејсбук ја поддржа досега невидената блокада на Трамп во мај, тврдејќи дека неговите објави поттикнуваат насилство. Сепак, одборот заклучи дека не е во ред да се направи забраната на неодредено време и повика на „пропорционален одговор“.

Трамп во петокот рече дека „пресудата на Фејсбук навредува рекордни 75 милиони луѓе“, но и многу други кои гласаа за него „на наместените претседателски избори во 2020 година“.

„Не треба да им се дозволи да се извлечат со оваа цензура, нашата земја повеќе не може да ја толерира оваа злоупотреба“, рече Трамп.

Фејсбук најави дека „ќе соработува со експерти за да донесе одлука за намалување на ризиците од јавна безбедност“ и дека „дури тогаш Трамп ќе може да се врати на платформата“.

Компанијата исто така рече дека „ќе има сет ескалирачки санкции што ќе бидат иницирани доколку Трамп ги прекрши понатамошните правила“ што може да доведе до „трајно отстранување на неговите профили“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе