Фејсбук го смени името во Мета (ВИДЕО)

Закерберг од Фејсбук најави ребрендирање на компанијата во „Мета“.

Фото: скриншот

Гигантот на социјалните мрежи Фејсбук објави дека во иднина ќе биде познат како Мета. Во центарот на голем број скандали во текот на изминатите неколку недели, компанијата се надева дека ќе премине „да биде метаверзална компанија“ наместо фирма за социјални медиуми.

Заглавен во многу антимонополски истраги, борејќи се со истраги во повеќе земји и очајнички обидувајќи се да ги задуши откритијата од експлозивната серија внатрешни протекувања на документи, Фејсбук месецов навести дека ќе тргне во нова насока заснована на комплетно „метаверзално“ искуство.

„Ние сме компанија што гради технологија за поврзување“, изјави извршниот директор Марк Закерберг кога ја објави промената на името во четвртокот за време на настанот „Конект“ на компанијата.

„Заедно, конечно можеме да ги ставиме луѓето во центарот на нашата технологија. И заедно, можеме да отклучиме масовно поголема креаторска економија.“

Иако Закерберг сè уште не ги откри сите детали за претстојниот метаверзум, потстраницата „Мета“ на почетната страница на Фејсбук го опишува како „следната еволуција на социјалната врска“.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе