„Откако претседателот Трамп почна со предвремени тврдења за победа, почнавме да известуваме за најновите информации на Фејсбук и Инстаграм, така што сите да знаат дека гласовите сè уште се бројат и дека победникот не е познат“, изјави портпаролот на Фејсбук за Ен-би-си њуз.
Милиони легитимни гласови сè уште се бројат во клучните држави Пенсилванија, Мичиген и Висконсин и други, што може да влијае на резултатот од изборите. Изборните претставници велат дека може да поминат неколку дена пред да биде потврден победникот во овие држави.
Претходно, Твитер презеде слични чекори за да се спротивстави на погрешните информации околу изборниот резултат. Мрежата постави предупредување на твитот од Трамп во кој тој, без докази, рече дека „тие се обидуваат да ги УКРАДАТ изборите“.