Фејсбук доби казна од 10 милиони евра

Италијанската агенција за заштита на конкурентноста на пазарот, соопшти дека на Фејсбук му се изречени две казни во висина од 10 милиони евра поради продажбата на податоците на корисниците и дека овој надзорен орган не бил за тоа „коректно", информиран.

Првата казна е изречена откако било утврдено дека Фејсбук ги уверувал луѓето да отворат профили на таа социјална мрежа, без веднаш да ги информира дека нивните податоци можат да се собираат и да се користат за комерцијални цели.

Втората казна се однесува на препраќањето на корисничките податоци на трето лице. Агенцијата појаснува дека Фејсбук „извршил непримерен притисок врз регистрираните потрошувачи“ за „без согласност“ на сопствената платформа да ги споделува податоците со трети лица, односно интернет сајтови и апликации. Агенцијата сега му наложува на Фејсбук да објави „коригирана изјава“ до сите корисници преку своите веб-страници и апликации.

Агенцијата посочува дека Фејсбук ги користел податоците на своите корисници за комерцијални цели на начин што ги крши националните закони.

Фејсбук, исто така е обвинет за примена на „агресивни практики“ кон своите корисници, бидејќи кога корисникот сака да „го ограничи споделувањето на личните податоци“, тогаш веднаш му се дава до знаење дека ризикува „значително да му се намали“ користењето на услугата.

За Фејсбук 2018 година беше турбулентна година, почнувајќи со скандалот со британската компанија Кембриџ Аналитика во врска со заштитата на податоците на корисникот. Компанијата од тогаш, но и по воведувањето на Европската директива за обработка на личните податоци унапреди бројни поставки за приватност.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе