ФБИ: Руско подметнување ја предизвика кризата во Катар (ВИДЕО)

Агенти на ФБИ веруваат дека руски хакери им „подметнале“ лажна приказна на државните медиуми во Катар, која потоа ја предизвикала големата криза и големиот конфликт во арапскиот свет, јавува Си-ен-ен.

Според американската медиумска мрежа, експерти на американското Федерално истражно биро во мај престојувале во Доха за да ги истражат овие тврдења.

„Наводен сајбер-напад им овозможил на хакерите да ја подметнат приказната, на која потоа се повика Саудиска Арабија како причина за прекинување на дипломатските односи и поставување на економската блокада. Истото го направија уште неколку заливски земји“, пишува Си-ен-ен.

Станува збор за најголемата дипломатска криза во тој дел од светот во последните децении.

Британски Гардијан пренесува дека официјален Катар соопшти дека во медиумските извештаи емирот бил погрешно цитиран и дека му биле „додадени“ изјави кои „изгледаат пријателски кон Иран и Израел“, како и таа во која го „поставува прашањето колку Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа“.

Шефот на дипломатијата на Катар шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани за Си-ен-ен изјави дека ФБИ потврдил дека се случил хакерски напад и подметнување лажни вести.

„Што и да е означено како обвинување на наша сметка е базирано врз погрешни информации. Ние сметаме дека целата криза е изградена врз погрешни информации. Сѐ почна со фабрикувани извештаи, кои беа подметнати кај нашата национална новинска агенција, која беше хакната, а тоа го потврди ФБИ“, изјави катарскиот функционер.

Британскиот весник пишува дека „доколку ова е точно“, ова е уште еден аргумент за тезата дека Русија се обидува на секој начин да ја поткопа американската надворешна политика.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе