ФБИ предупредува: Паметните телевизори се портал на хакерите до вашиот дом

Во сезона на големи намалувања на крајот на годината, од црн петок, сајбер понеделник и други, електронските уреди се со голема побарувачка, а меѓу нив и т.н паметни телевизори.

Паметните телевизори се како обичните телевизори, но имаат интернет врска, поради што се особено ранливи. На тоа сега предупредува и американската ФБИ.

Во новата објава на блогот на ФБИ на американската сојузна држава Орегон се објаснува дека интернет врската, иако овозможува пристап до популарните стриминг услуги, како што е Нетфликс, исто така им овозможува на хакерите да влезат во вашиот дом преку необезбеден телевизор, по што потоа може да пристапат до вашиот интернет рутер.

„Хакерите исто така можат да ја преземат контролата над вашиот необезбеден телевизор. На долниот крај на спектарот на ризици, тие можат да менуваат канали, да играат со волуменот и да им покажуваат на вашите деца несоодветни видеа. Во најлош случај, можат да ги вклучат камерата и микрофонот на вашиот ТВ во спалната соба и тивко сајбер да ве прислушуваат“, пишува ФБИ во овој предупредувачки текст.

Покрај тоа, камерата и микрофонот вградени во поновите телевизори, за да овозможат говорни команди и видео разговори, исто така хипотетички им овозможуваат и на производителите на телевизорите, односно на девелоперите на апликациите што се користат на тој телевизор, да ве прислушуваат.

Хакерите во јануари оваа година веќе упаднаа во илјадници паметни уреди на Гугл Хромкаст за да покажат дека можат да се хакираат и на илјадници жртви им пуштале случајни видеа, пишува Дејли меил.

Иако ФБИ не наведува, постои можност истите безбедносни слабости да ги искористуваат и разузнавачките служби. Викиликс во 2017 година објави огромен виртуелен сеф со документи за „тајната глобална хакерска програма“ на ЦИА и методите што можат за тоа да се користат, вклучувајќи го и паметниот телевизор на Самсунг.

Телевизорите и технологијата се голем дел од нашите животи и нема да си заминат. Па, следните совети ги наведува ФБИ за да го заштитите вашето семејство:

• Знајте ги сите можности што ги има вашиот ТВ и како да ги контролирате. Пребарајте на интернет со бројот на вашиот ТВ-модел и зборовите „микрофон“, „камера“ и „приватност“.

• Не потпирајте се на стандардните поставки за безбедност. Променете ги лозинките ако можете и научете како да ги исклучите камерата, микрофонот и опцијата да се собираат вашите лични податоци ако е можно. Ако не можете да ги исклучите, размислете дали сте подготвени да ризикувате со купување на тој модел или со користење на таа услуга.

• Ако не можете да ја исклучите камерата, а не сакате преку неа да ве надгледуваат, лепење непроѕирен селотејп преку леќата на камерата е секогаш опција.

• Проверете дали е можно вашиот уред да се ажурира со нови безбедносни надградби. Дали може да се направи и дали е веќе направено?

• Проверете ја политиката за приватност на вашиот ТВ-производител и стриминг услугата што ја користите. Потврдете кои информации сакате да се собираат, како ги чуваат и што прават со нив.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе