ФБИ кај Трамп откри документи за нуклеарниот капацитет на една земја

Меѓу документите што ФБИ ги пронашло при претресот на имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп на Флорида е и документ во кој се опишуваат одбранбените капацитети на една влада, вклучувајќи ги и нејзините нуклеарни капацитети, објави Вашингтон пост.

Фото: ЕПА

„Документот што ги опишува воените сили на една странска земја, вклучувајќи ги и нејзините нуклеарни капацитети“ е пронајден меѓу многубројните доверливи документи што федералната полиција ги пронашла во истрагата спроведена во домот на поранешниот американски претседател, пишува Вашингтон пост.

Весникот во извештајот цитира луѓе запознаени со истрагата, но не наведува за која влада станува збор во документот или дали ѝ е непријател или пријател на САД.

Според Ројтерс, адвокатите на Трамп и Министерството за правда не биле достапни да ги коментираат наводите.

Според судските записи, ФБИ заплени повеќе од 11.000 документи и фотографии во претресот на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго на 8 август.

Меѓу нив има 18 документи класифицирани како „строго доверливи“, повеќе од 50 како „тајни“ и 31 како „доверливи“.

Вашингтон пост наведува дека некои од нив содржат информации за американските операции класифицирани како „строго доверливи“, до кои не можат да пристапат ниту лица овластени за пристап до такви информации, туку мора да имаат посебно овластување за тоа.

Пристапот до некои од тие документи е толку ограничен што дури и некои од највисоките функционери за национална безбедност во администрацијата на Бајден не се овластени да ги видат.

Американското Министерство за правда покрена истрага против Трамп бидејќи тој зел некои документи додека ја напуштал Белата куќа во јануари 2021 година и ги однел во Мар-а-Лаго.

Во понеделникот, федерален судија го одобри барањето на Трамп да назначи независен експерт за преглед на документите запленети како дел од истрагата на ФБИ, што би можело да ја продолжи истрагата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе

Влијанието на корупцијата врз економијата е значајно. Корупцијата може да доведе до неефикасност и погрешна распределба на ресурсите, да ги обесхрабри странските инвестиции и да ја поткопа конкурентноста на фирмите.

повеќе