ФБИ ја уапси Гилеин Максвел, соработничка на педофилот Џефри Епстајн (ВИДЕО)

ФБИ ја уапси Гилеин Максвел, соработничка на починатиот финансиер Џефри Епстајн.

Фото: ЕПА

Некои жртви на Епстајн ја обвиниле Максвел дека како негова соработничка организирала сексуална трговија со малолетнички, што Максвел упорно го негирала.

Финансиерот Џефри Епстајн, кого федералниот обвинител на Менхетен во јули 2019 година го обвини за сексуална злоупотреба, се обеси на 10 август во својата ќелија во Њујорк, пишува Би-би-си.

Американскиот обвинител за јужниот округ во Њујорк изјави дека во текот на денот ќе ги објави обвиненијата против Максвел за „нејзината улога во сексуалната експлоатација и злоупотреба на повеќе малолетни лица извршени од Џефри Епстајн“.

Максвел се повлече од јавноста по смртта на Епстајн, финансиерот обвинет за силување и сексуална трговија со малолетнички во текот на речиси две децении.

Некои од жртвите на Епстајн тврдат дека Максвел ги намамила во неговото друштво и дека биле сексуално злоставувани од неговите моќни пријатели и од него.

Максвел утрово е уапсена во Бредфорд, Њу Хемпшир, соопшти портпаролката на ФБИ, Адриен Сенатор.

Таа треба да се појави пред федералниот суд в четврток, изјавија извори за Ројтерс.

Максвел е поранешна девојка на Епстајн и долго време била во неговиот потесен круг. Во една статија од Венити фер од 2003 година, Епстајн ја опишува како своја „најдобра пријателка“.

Епстајн бил пронајден мртов во федералниот затвор во Њујорк во август минатата година, каде чекал судење под обвинение за трговија со сексуални робинки.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе