ФБИ ја проверува Националната гарда стравувајќи од напади одвнатре

Официјални претставници на американската одбрана изјавија дека се загрижени поради напади или други закани од редовите на осигурувањето на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден, поради што ФБИ ги проверува сите 25.000 припадници на Националната гарда кои пристигнуваат во Вашингтон за настанот, објавија американски медиуми.

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Масивниот потфат ја одразува екстремната загриженост за безбедноста што го зафати Вашингтон по смртоносниот напад од приврзаниците на Трамп на 6 јануари врз американскиот Конгрес, пишува Њујорк пост.

Исто така, се потенцираат стравувањата дека меѓу припадниците на осигурувањето на инаугурацијата може да се наоѓа закана за идниот претседател и други високи функционери.

Секретарот за одбрана Рајан Мекарти во неделата за АП изјави, како пренесува Њујорк пост, дека официјалните лица се свесни за потенцијалната закана и ги предупредиле командантите да внимаваат на проблеми во своите редови со приближувањето на инаугурацијата.

Досега, сепак, ниту тој ниту други водачи не виделе докази за какви било закани, а официјални лица изјавија дека при проверките сè уште не утврдиле ниту еден проблем.

„Сè уште сме во процес и двапати, три пати го проверуваме секој поединец од редовите на обезбедувањето“, рече Мекарти, додавајќи дека припадниците на Гардата се обучени за тоа како да препознаат потенцијални закани одвнатре.

Околу 25.000 припадници на Националната гарда пристигнуваат во Вашингтон од целата држава - најмалку два и пол пати повеќе отколку на претходни инаугурации.

И додека војската рутински проверува дали нејзините припадници имаат некаква врска со екстремисти, ФБИ дополнително го проверува обезбедувањето за оваа инаугурација.

Неколку официјални лица изјавија дека процесот започнал пред повеќе од една недела, кога првите единици на гардата започнале да се распоредуваат во Вашингтон и рекоа дека треба да бидат готови до среда.

Генералот Даниел Р. Хокансон, командант на Националната гарда и припадник на Генералштабот на армијата на САД, за Си-би-ес њуз изјави дека „во координација со обезбедувањето на претседателот и ФБИ, се проверуваат сите припадниците кои пристигнуваат“.

Во ваква ситуација, проверката на ФБИ вклучува проверка на имињата на луѓето преку бази на податоци и пописот за следење што го води таа агенција за безбедност за да се види дали ќе се појави нешто алармантно.

Тоа може да вклучува учество во претходни истраги или можни врски со тероризам, рече Дејвид Гомез, поранешен супервизор за национална безбедност во ФБИ во Сиетл.

Заканите однатре се континуиран приоритет во спроведувањето на законот во годините по нападите на 11 септември 2001.

Меѓутоа, во повеќето случаи, заканите доаѓаат од домашни бунтовници радикализирани од Ал Каеда, групата на Исламската држава или слични групации.

Спротивно на тоа, заканите за Бајденовата инаугурација ги поттикнаа приврзаниците на претседателот Доналд Трамп, крајно десничарските милиции, расисти и други радикални групи.

Многумина веруваат на Трамповите неосновани обвинувања дека изборите му биле украдени, тврдење кое го демантираа многу судови, Министерството за правда и републиканските претставници во клучните држави.

Побуната пред Конгресот започна откако Трамп изнесе провокативни коментари на протестот на 6 јануари.

Според Мекарти, за време на нападот на Конгресот биле присутни припадници на војската, но не е познато во кој број и кој точно учествувал.

Досега се уапсени само неколку припадници на активната воена служба или Националната гарда во врска со нападот во кој загинаа пет лица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе