ФБИ истражува како милијардерот педофил можел да се убие во затвор

Федералното истражно биро (ФБИ) отвори истрага за тоа како американскиот милијардер Џефри Епстајн можел да се убие во затворот каде што го чекаше почетокот на судењето за трговија со сексуални робови, пишува Би-би-си.

Неговото тело беше најдено вчера наутро во ќелијата во затвор на Менхетн, еден од најбезбедните во САД.

Минатиот месец Епстин беше најден во полусвесна состојба во ќелијата по очигледен обид за самоубиство.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио кажа дека „сега е очигледно“ дека Епстајн не може да вмеша други.

„Она што нѐ интересира е што сѐ знаел“, кажа Де Бласио, еден од кандидатите за демократска претседателска номинација. „Колку други милионери и милијардери биле вклучени во незаконските активности со кои се бавел? Тие информации не умреа со Џефри Епстајн. Тоа исто така мора да се истражи“.

По смртта на Епстајн се појавија бројни теории на заговор.

66-годишниот Епстајн минатиот месец се изјасни дека не е виновен по обвинението кое го терети за тровија со сексуални робови и притворен беше без право на кауција.

Неговата смрт следеше еден ден откако јавно беа досташни стотици страници судски документи во кои се изнесуваат нови обвиненија против него и неговите богати и славни пријатели и познаници.

Постојат контрадикторни тврдења дали Епстајн бил под 24-часовен надзор по првиот обид за самоубиство. Њујорк тајмс пишува дека бил, но дека мерките биле укинати една недела пред смртта.

Главниот јавен обвинител Вилијам Бар кажа дека „постојат сериозни прашања кои бараат одговори“. Додаде дека е „вџашен“ од смртта на Епстајн и наведе дека министерството за правосудство отворило официјална истрага.

Неговите жртви се разочарани што нема да му се суди. „Ужасно сум лута и повредена знаејќи дека повторно мислел дека е над законот и затоа што го избра полесниот начин“, изјави Џена Лиза Џонс.

„Гневна сум за тоа што Џефри Епстајн нема да мора да се соочи со жртвите на суд“, изјави друга жртва, Џенифер Араоз. „До крајот на животот ќе мора да живееме со лузните од неговите дела“, истакна таа.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе