ФБИ истражува дали лаптопот на Ненси Пелоси бил понуден на продажба на Русија

ФБИ истражува дали 22-годишна девојка, за време на немирите и упадот во Конгресот на САД, од канцеларијата на Ненси Пелоси, претседателката на долниот дом на парламентот, украла лаптоп или хард-диск, планирајќи да ги продаде на руски разузнавачи.

EPA-EFE

За кражбата на лаптопот е поднесена тужба против Рилеј Џун Вилијамс која е видена на снимките како ги „распоредува“ демонстрантите кои упаднаа во Капитол.

По опсадата на Конгресот од страна на поддржувачите на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, најголема загриженост предизвика можната кражба на компјутерите и податоците во нив.

Адвокатот Мајкл Шервим кажа по упадот дека некои кражби потенцијално можат да ја загрозат „националната безбедност“.

Окружниот суд во дистриктот Колумбија дознал за кражбата на лаптопот на Пелоси од поранешниот партнер на Вилијамс.

Случајот на украдениот лаптоп е само еден од 200 предмети кои ФБИ ги отвори по насилниот упад на поддржувачите на Трамп во зградата на Капитол на 6 јануари, за време на потврдувањето на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе