ФБИ го уапси лидерот на вооружената група која ги запираше мигрантите кај Ново Мексико

ФБИ во саботата соопшти дека го уапсила Лари Хопкинс, лидерот на вооружена групата која ги стопираше мигрантите кои без докуманти ја преминале границата кај Ново Мексико меѓу САД и Мексико.

Апсењето се случи два дена откако Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) ја обвини групата за нелегално задржување на мигрантите и Демократскиот гувернер на Ново Мексико Мишел Лујан Гришам, нареди да се спроведе истрага.

Хопкинс (69) познат и под името Џони Хортон е уапсен во Санланд Парк, Њу Мексико, под федерална тужба која го обвинува дека како сопственик на огнено оружје и муниција е кривичен престапник, се вели во соопштението на Федералното истражно биро.

„Ние не сме загрижени за тужбата, тој ќе биде ослободен“, рече Џим Бенви портпарол на Обединетите уставни патриоти (УЦП), објаснувајќи го неговото апсење како политички притисок од Лујан Гришам.

Хопкинс е „национален командант“ на УЦП, кој од крајот на февруари има околу половина дузина членови кои во ротација кампуваат во близина на Санланд парк.

УЦП се опишуваат себеси како „патриотска група“ која ѝ помага на американската погранична патрола да се справи со рекордниот број на семејства од Централна Америка кои ја минуваат границата за да бараат азил.

Облечени во маскирни одела со пушки, членовите на УЦП им помагаа на американските гранични патроли да задржат над 5.600 мигранти во последните два месеци, рече Бенви.

Видеата објавени на интернет од страна на групата покажуваат како членовите им кажуваат на мигрантите да застанат, да седнат и да чекаат да пристигнат агентите. Критичарите го обвинуваат УЦП дека се меша во спроведувањето на законот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе