ФБИ гневно на Трамп зашто ги јакне теориите на заговор за смртта на Епстајн

Откако стана претседател, Доналд Трамп е во војна со ФБИ.

Прво, тој беше бесен поради истрагата за Русија. Потоа, отвореното флертување на самиот Трамп со белите расисти ја отежни мисијата на Бирото да ги лови групите на омраза.

А сега, според Бизнис инсајдер, агентите и персоналот на ФБИ му се „бесни“ на претседателот поради тоа што ги јакне теориите на заговор за смртта на Џефри Епстајн.

Кога сексуалниот престапник и финансиер викендов се самоуби во федералниот притвор, додека чекаше судење за нови обвиненија за сексуална трговија, Трамп веднаш почна да ги разгорува теориите на заговор со тоа што ретвитна пост дека Клинтонови биле вмешани во смртта на Епстајн. Иако поранешниот претседател Бил Клинтон навистина се познаваше со Епстајн и патуваше со неговиот авион, тврдењата дека тој или кој било друг го убил Епстајн се неосновани во овој момент. Трамп му беше долгогодишен пријател на Епстајн пред да се оддалечат и тој можеби се обидува да го одвлече вниманието од тој факт.

„Случајот со Епстајн беше преполн со тензии уште од самиот почеток“, изјави агент на ФБИ за Инсајдер. „Последното нешто што им треба на истражителите е претседателот на Соединетите Американски Држави да ги разгорува пламените со такви булшит-теории, кои немаат никаква основа во реалноста.“ Втор агент на ФБИ, наводно, му кажал на медиумот дека „постапките на Трамп ја отежнуваат работата на ФБИ додека се бори против домашниот екстремизам, особено по последното откритие дека теориите на заговор претставуваат нова домашнотерористичка закана“.

Говорејќи за Њујорк тајмс во понеделникот, биографот на Трамп, Тимоти О’Брајан објасни зошто Трамп се впушта во теориите на заговор - кои веќе долго време се дел од неговиот реторички репертоар.

„Тој ужива во теориите на заговор затоа што знае дека му даваат брза и лесна сила кај масите - тие лесно стануваат занесени од идејата дека постои некоја организирана група надвисната над нив“, рече О'Брајан. „Бидејќи тој никогаш не чувствува каење или вина кога шири такви лаги, веднаш нурнува во нив дури и кога знае дека не се точни“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе