Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг

ФАЗ: Русија има распоредено повеќе крстосувачки ракети со среден дострел отколку што е познато

Русија има повеќе ракети ССЦ-8 со среден опсег отколку што е познато, објави германскиот весник Франкфуртер алгемајне зонтагцајтунг (ФАЗ), повикувајќи се на неименуван западен разузнавачки извор.

НАТО смета дека овие системи ги кршат одредбите на договорот за уништување ракети со среден дострел постигнат во 1987 година меѓу САД и Русија, од кој двете земји минатата недела најавија дека ќе се повлечат.

САД одамна ја обвинуваат Русија дека ги прекршува условите на овој договор.

Според ФАЗ, освен војниците и ракетите на тестниот полигон во Капустин Јар во јужниот дел на Русија и во Камјшлов источно од Екатеринбург, постојат уште две локации со војници и ракети - една во Моздок во Северна Осетија и една во Шуја во близина на Москва.

Секој од четирите баталјони има четири мобилни лансирни полигони, од кои секој има четири проектили, вели весникот. Ова значи дека Русија има најмалку 64 ракети ССЦ-8, кои може да бидат опремени со конвенционални или со нуклеарни боеви глави.

Ракетите имаат дострел од 2.350 километри. Опремени со конвенционални глави со тежина од 500 килограми, имаат досег од околу 2.000 километри.

Договорот од 1987 година забранува развој и поседување нуклеарни и крстосувачки ракети со опсег од 500 до 5.500 километри.

Русија тврди дека нејзините системи имаат досег од само 480 километри.

Според сегашниот распоред на руските ракети, во нивниот опсег се и Источна и Северна Европа, вели ФАЗ, а со нивно преместување цела Европа освен Португалија би била во опсегот на руските ракети.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе