Фаучи: За имунитет на стадо можеби треба да се вакцинира речиси 90 отсто од населението

Можеби ќе биде потребно да се вакцинираат до 90 отсто од населението против коронавирусот за создавање на имунитет на стадо, кажа водечкиот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи, а пренесува Ројтерс.

EPA-EFE

Повеќе од милион Американци, околу 0,3 отсто од популацијата, ја примија првата доза од вакцината против ковид-19 од 14 декември, покажуваат податоците на Американската агенција за контрола на болести.

Фаучи, кој ги советува и претседателот на САД во заминување Доналд Трамп и новоизбраниот претседател Џо Бајден во пандемијата, призна дека постепено ги зголемувал своите проценки за потребната вакцинираност на популацијата. Претходно годинава обично кажуваше дека е потребно да се вакцинираат 60 до 70 отсто од населението за создавање имунитет на стадо.

„Навистина не знаеме колку е вистинскиот број. Мислам дека реалниот распон е некаде меѓу 70 и 90 отсто. Но нема да кажам 90 отсто“, кажа Фаучи за Њујорк тајмс.

Фаучи, кој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести од 1984, кажа во интервју дека сега почесто ќе истапува со своите уверувања бидејќи анкетите покажуваат дека Американците стануваат помалку скептични кон новите вакцини.

„Кога анкетите открија дека само половина Американци би се вакцинирале, јас зборував дека за имунитет на стадо се потребни 70 до 75 отсто“, кажа за Тајмс Фаучи, кој во четвртокот наполни 80 години.

„Тогаш, откако новите истражувања покажаа дека 60 отсто или повеќе (би се вакцинирале), помислив: „Можам тоа малку да го засилам, па преминав на 80 до 85“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе