Телевизијата Си-би-ес денес објави дека Фаучи кажал дека „поверојатното сценарио“ е дека за вакцината ќе се знае повеќе на крајот на оваа година и дека вакцинацијата би почнала на почетокот на 2021.
Бидејќи истражувањето за потенцијалната вакцина за коронавирусот на компанијата Астразенека е сопрена бидејќи еден учесник на тестирањето во Британија се разболел, Фаучи кажа дека тоа е рутинска работа при истражувањето на вакцините во поодмината фаза.
Привременото сопирање на тестирањето е „еден од безбедносните вентили кои постојат во клиничките тестирања какво што е тоа“, кажа Фаучи.
Фаучи повторно ги соевтуваше Американците да користат маски, да држат физичка дистанца и да избегнуваат гужва.
САД се први во светот по бројот на случаи на коронавирусот со 6,3 милиони заразени и речиси 190.000 мртви.