Фаучи: Вакцина до крајот на годината, но дистрибуција дури следната

Водечкиот американски епидемиолог доктор Ентони Фаучи кажа дека американскиот претседател Доналд Трамп бил во право кога на последната претседателска дебата најави дека вакцината ќе биде готова до крајот на годината, но истакна дека за нејзина дистрибуција ќе бидат потребни месеци.

EPA-EFE

Фаучи во интервју за Би-би-си кажа дека дистрибуцијата на вакцината ќе почне дури во 2021 и дека први корсници ќе бидат ранливите групи и медицинските работници.

„Ќе знаеме дали вакцината ќе биде безбедна и ефикасна до крајот на ноември, почетокот на декември“, кажа Фаучи.

„Кога зборувате за вакцинација на голем дел од популацијата, толку за тоа да има значително влијание на епидемијата, тоа нема да се случи пред вториот или третиот квартал на годината“, додаде тој.

Фаучи истакна дека е „многу важно“ политичарите и јавните личности да ја следат науката. „Можете позитивно или негативно да влијаете врз однесувањето на луѓето. Би било навистина срамота да имаме безбедна и ефикасна вакцина а поголемиот дел од луѓето да не сакаат да ја примат бидејќи не им веруваат на властите“, кажа тој.

Тој додаде дека е очигледно дека идејата за вбризгување средства за дезинфекција која Трамп ја пропагираше на почетокот на годината не е во согласност со науката.

На прашањето дали американскиот претседател сега е имун бидејќи ја прележа короната и дали неговата изјава дека сега луѓето може да живеат во согласност со научните факти, Фаучи искоментира „дека веќе се знае одговорот на тоа, не, не е“.

Според него Трамп не е во право ни кога вели дека слушањето на научниците ќе доведе до масовна депресија и порача дека затворањето на економијата може да се избегне ако се слуша струката и се почитуваат мерките за заштита.

Фаучи истакна дека е сосема сигурно дека „вирусот нема наскоро да исчезне“, што Трамп го повтори повеќе пати. Тој го поддржа повикот на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден да се носат маски, наведувајќи дека не може да зборува со конкретни бројки но дека е вистина дека носењето маски спасува многу животи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе