„Имам голема доверба во безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина и сакам да ги охрабрам сите кои имаат шанса да се вакцинираат, за да имаме заштита во оваа земја која ќе стави крај на пандемијата“, кажа Фаучи пред вакцинирањето во клиничкиот центар Бетезда во Мериленд.
Вакцината на Модерна се дава во две дози.
Други високи јавни функционери, вклучувајќи го новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателот Мајк Пенс, се вакцинираа со вакцината развиена од Бајонтек и Фајзер, која прва беше одобрена.
Вакцината на Модерна во САД беше одобрена минатата недела.
Во САД со коронавирусот се заразија речиси 18 милиони луѓе, а над 319.000 умреа од компликации со вирусот.