„Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ги тестираат своите вакцини пред да ги дадат кому било“, кажа Фаучи вчера во американскиот Конгрес.
„Да се каже дека вакцината е спремна за дистрибуција пред да биде тестирана, за мене е проблематично нешто, да не кажам нешто повеќе“, кажа Фаучи, директорот на американскиот Институт за заразни болести. Додаде дека САД за вакцината не треба да зависат од други земји.
Русија неделава соопшти дека се надева дека од септември и октомври ќе почне индустриското производство на две вакцини против коронавирусот кои ги развиле научници од државните центри. Русија, меѓутоа, не ги соопшти научните податоци кои ги потврдуваат безбедноста и ефикасноста на тие вакцини.
Неколку проекти за вакцина покажаа охрабрувачки резултати, а меѓу нив е една кинеска на која заеднички работат институт за воени истражувања и фармцевтската грипа Кансино биолоџикс.
Кинеската војска на крајот на јуни ја одобри употребата на вакцината во своите редови, иако сѐ уште не беа почнати завршните фази на тестирањето на вакцината.
Во западните земји во тек е развојот на три вакцини кои се наоѓаат во првата фаза на клиничкото тестирање врз луѓе.