Оцена на американскиот епидемиолог

Фаучи: Пандемијата до крајот на годината ќе биде под контрола

Фармацевтската индустрија веројатно во почетокот на следната година ќе произведе десетици милиони вакцини против коронавирусот, а до крајот на 2021 би можеле да бидат достапни милијарда дози, изјави водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи за Ројтерс.

EPA-EFE

Фаучи очекува уште до крајот на оваа година вакцината против ковид-19 да биде достапна, а пандемијата под контрола.

Тој кажа и дека немало притисоци од Белата куќа веста за вакцината да се објави пред американските претседателски избори на 3 ноември, за да се зголемат шансите за повторен избор на претседателот Доналд Трамп.

Регулаторите, како што вели, ветиле дека нема да дозволат политиката да им се меша во одобрувањето на вакцината против ковид-19 и дека примарни ќе им бидат „безбедноста и ефикасноста“.

Оцени и дека некои делови од САД добро го спречиле ширењето на вирусот, додека други делови едноставно „се запалиле“, а различните резултати ги објасни со големата и разновидноста на земјата.

Интервјуто на Фаучи за Ројтерс е објавено истиот ден кога Трамп за Фокс њуз кажа дека „вирусот заминува и ќе исчезне како што нештата ги снемува“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе