Фаучи: Омикрон ќе го означи крајот на пандемијата, освен ако не се случи ова сценарио

Главниот американски експерт за заразни болести Ентони Фаучи рече дека е премногу рано да се предвиди дали брзото ширење на сојот омикрон ќе помогне коронавирусот да премине од пандемична фаза во контролирана ендемска фаза. „Но се надевам дека тоа е така“, рече тој.

Фото: ЕПА

Бидејќи омикрон многу лесно се пренесува, но очигледно е помала веројатноста да предизвика тешка болест од некои претходни варијанти, тој би можел да го означи преминот од пандемиското поглавје во ендемска фаза, рече Фаучи. „Но тоа ќе се случи само ако не добиеме некој друг сој што го избегнува имунолошкиот одговор на претходниот сој“, додаде тој.

„Имавме среќа што омикрон немаше некои од истите карактеристики како делта“, рече Фаучи. „Но огромниот број луѓе што се заразуваат го надминуваат тоа мошне пониско ниво на патогеност. Тоа не значи дека луѓето треба намерно да се обидуваат да се заразат со омикрон“, додава тој.

Самиот факт дека пандемијата на ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди во вторникот директорот за управување со кризи на СЗО.

„Луѓето ендемијата ја сметаат за спротивна на пандемијата, но ендемската маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, ендемично е насилството во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел на Светскиот економски форум (СЕФ). „Ендемично само по себе не значи дека е добро, ендемично само значи дека е тука засекогаш“, посочи тој.

Појавата на омикрон, кој е многу позаразен од другите верзии на ковид-19, но предизвикува многу поблаги симптоми кај вакцинираните луѓе, предизвика дебата за преминот на пандемијата, прогласена во почетокот на 2020 година, во одредена ендемична форма. Оваа дискусија генерално имплицира дека тој е многу помалку опасен.

„Нема да се ослободиме од вирусот оваа година“, предупреди лидерот. „Можеби никогаш нема да го искорениме вирусот. Вирусите што предизвикуваат пандемии лесно може да станат дел од екосистемот“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе