Доктор Фаучи учествуваше на онлајн конференцијата „Граници – Фестивал на здравјето“ организиран во Рим и во таа прилика кажа дека враќањето на нормалниот живот може да се очекува кон крајот на следната, 2021 година.
До тогаш тој препорачува строго држење до пропишаните мерки: заштитни маски, физичка дистанца, да се избегнуваат групни собирања и да се престојува на отворен простор.
Според него, до крајот на оваа година може да се очекува ефикасна вакцина, поголемиот дел од светското население може да биде вакцинирано во текот на следната година, но не и целата популација, како што тоа е случајот со сипаниците.
„Доволно е да се вакцинираат 75 отсто од светското население за да се сопре ширењето на заразата“, кажа Фаучи.