Фаучи: Не мора повеќе да му противречам на Трамп, се чувствувам слободен

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи, советник на американскиот претседател за пандемијата, им се довери на новинарите дека се чувствува олеснето со заминувањето на Доналд Трамп од Белата куќа.

Фото: ЕПА

Со почетокот на пандемијата многу активен во комуникацијата со новинарите, Фаучи во последните месеци се држеше на дистанца од медиумите.

„Отсекогаш зборував сè што знам и затоа понекогаш имав проблеми“, рече тој.

Објасни дека му било тешко да слуша изјави што немаат научна основа. Тој исто така призна дека многу му сметало кога Трамп во март се залагал за употреба на хидроксихлорокин во третманот на коронавирусот, лек против маларија за кој се покажало дека нема никаков ефект против вирусот.

„Не беше воопшто лесно да му се противречи на претседателот“, рече Фаучи, додавајќи: „И не се чинеше дека тоа може да помине без последици“.

„Сознанието дека можам да дојдам овде денес, да кажам што знам, да презентирам докази и да зборувам врз основа на науката е чувство што ослободува“, заклучи тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе