Водечкиот американски експерт

Фаучи: Ќе треба уште време за вакцина против коронавирусот

Ентони Фаучи, водечкиот експерт на Соединетите Американски Држави, денес го предупреди Конгресот дека за развојот и излегувањето на пазарот на вакцината против коронавирусот „ќе треба уште некое време“ без оглед на помошта на сојузната влада во нејзиното производство.

Фаучи на сенатскиот одбор за здравство му кажа дека, имајќи го предвид тој факт, напорите на нацијата во борбата против вирусот ковид-19 и болеста што ја предизвикува, би требало да бидат „фокусирани на докажаната јавноздравствена пракса на ограничување и ублажување“ на ширењето на заразата.

Фаучи предупреди дека пребрзото отворање и попуштање на ограничувањата на економските активности би можело да доведе до нов бран на епидемијата и ги повика сојузните држави да ги следат стручните препораки и да го чекаат падот на бројот на новозаразените случаи.

„Ако ги прескокнеме контролните точки, ризикуваме повеќекратни повторни избивања на заразата низ целата земја“, порача тој.

Претседателот Доналд Трамп ги поттикнува сојузните држави на придвижување на економијата.

„Тоа нема да резултра само со непотребно патење и смртни случаи, туку всушност ќе нѐ врати назад на патот на врачање во нормална состојба“, кажа Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергии и заразни болести.

Фаучи денес сведочи пред сенатскиот одбор за здравје, образование, труд и пензии, кој го контролираат републиканците, а претходно Белата куќа го блокираше сведочењето на 79-годишниот експерт пред комсија на Претставничкиот дом, надгледувана од демократите, оценувајќи дека тоа би било „контрапродуктивно“.

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе