Фаучи: Индија да ја затвори земјата или вирусот ќе експлодира

Американскиот експерт за заразни болести Ентони Фаучи ѝ препорача на Индија затворање, кажувајќи дека вирусот покажал дека „ако се препушти сам на себе, ќе експлодира во општеството“.

EPA-EFE

„Ако не ја почитувате неговата способноста да нанесе сериозна штета, ве очекува неволја“, кажа Фаучи за весникот Индијан експрес.

Фаучи препорача затворање за Индија.

„Буквално затворете се така што ќе завршите со пренесувањето и ќе имате помалку ширење. Никој не сака да ја затвори земјата. Но ако тоа го направите на само неколку недели, би можеле да имате значително влијание врз динамиката на ширењето“, наведе тој.

Индија вчера го почна вакцинирањето на сите возрасни лица во обид да го заузда наглото ширење на заразата со коронавирусот.

Недостигот од вакцини ја успори имунизацијата на населението во неколку индиски сојузни држави, а мал дел од тамошното население може да плати вакцина во приватните болници.

Сојузната и државните влади ќе бидат задолжени за вакцинирање на 900 милиони возрасни Индијци.

Индија вчера со 401.993 нови случаи на зараза го достигна новиот црн светски рекорд, што е вкупно повеќе од 19,1 милиони.

Уште 3.523 лица умреа во претходните 24 часа, па според вчерашните податоци на Институтот Џонс Хопкинс, вкупниот број смртни случаи е зголемен на 211.853.

Експертите веруваат дека бројот на умрените и заразените е многу поголем.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе