Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести на САД, предизвика контроверзии со претходната изјава дека британските здравствени регулатори не ги проучувале податоците за студијата толку внимателно како што правела Управата за храна и лекови на САД (ФДА).
Тој рече дека сака да каже дека американските власти работат поинаку од своите британски колеги, а не подобро, и дека неговите коментари не биле веродостојно пренесени.
„Имам голема верба и во научната заедница и во регулаторите во Велика Британија и секој што ме познава мене и мојот став кон тоа, кој е ист со децении, знае дека е така“, изјави Фаучи за Би-би-си.