Фаучи доби престижна израелска награда за наука

Еден од водечките американски експерти за заразни болести Ентони Фаучи е добитник на престижната награда за посветеност на науката вредна еден милион американски долари, која ја доделува Фондацијата Дан Дејвид со седиште во Израел, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

 Фаучи, кој честопати беше во расчекор со поранешниот претседател Доналд Трамп околу управувањето со пандемијата, ја доби наградата Дан Дејвид за „одбрана на науката“. Тој е директор на Националниот институт за алергии и заразни болести од 1984 година.

Наградата Дан Дејвид е основана во 2000 година од покојниот меѓународен бизнисмен Дан Дејвид. Секоја година се доделува награда од 1 милион долари во три категории за придонеси поврзани со прашања од минатото, сегашноста и иднината.

Фаучи ја освои наградата за достигнување во „сегашноста“, во областа на јавното здравство, соопшти фондацијата.

Во соопштението од комитетот за доделување на награди се вели дека ја признава „храброста со која д-р Фаучи ја бранеше науката од неинформираната опозиција за време на ковид-кризата и во многу напната политичка средина“.

Во образложението, исто така, се наведува дека Фаучи е заслужен и за промовирање на вакцинацијата против ковид-19, како и за водечката улога во истражувањето на ХИВ и лекувањето на СИДА.

Фаучи бил советник за здравствени прањање во мандатите на седум претседатели на САД.

Професорите Алисон Башфорд, Катрин Парк и Кит Вејлу, кои работат во областа на историјата и здравствената медицина, победија во категоријата „минато“. Пионерите на анти-канцер имунотерапијата, професорот Зелиг Ешар, д-р Карл Џун и д-р Стивен Розенберг победија во категоријата „иднина“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе