Фаучи, кој е водечки американски епидемиолог, вели дека Британија не била толку внимателна во истражувањето како што тоа го прави американската Дирекција за храна и лекови (ФДА) во својот преглед.
„Начинот на кој ФДА тоа го прави е правилниот начин“, кажа Фаучи за Фокс њуз.
„Навистина внимателно ги проверуваме податоците за да можеме на американската јавност да ѝ гарантираме дека ова е многу безбедна и ефикасна вакцина“, кажа тој.
Тој изрази стравување дека во спротивно би „придонеле на веќе постоечката колебливост на многу луѓе да ја примат вакцината бидејќи се загрижени околу безбедноста или загрижени околу тоа што пребрзо сме почнале со вакцинирање“, пренесува Си-ен-ен.
Фаучи истакна дека е важно Американците да имаат позитивно чувство кон потенцијалната вакцина за ковид-19.
„Ние имаме златен стандард на регулаторниот пристап на ФДА. Британија тоа не го направи толку внимателно и ги забрзаа работи за неколку дена“, кажа тој.
Фаучи, сепак, додаде дека не мисли дека има голема разлика и дека многу наскоро САД ќе бидат на зададената цел.