Фатих Бирол: Русија ќе ја загуби енергетската битка против Западот

Директорот на Меѓународната агенција за енергетика вели дека на Русија нема да ѝ биде лесно да го замени европскиот пазар.

Фото: ЕПА

Русија ќе ја загуби енергетската битка што ја води против Западот, смета Фатих Бирол, извршен директор на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), кој исто така оценува дека оваа зима ќе биде тешка за светот, а „следната би можела да биде уште потешка .

„Непосредно пред инвазијата на Украина, околу 65 отсто од вкупниот извоз на руски гас одеа во Европа. Европа беше убедливо најголемиот пазар, најголемиот руски клиент, а Русија засекогаш го загуби овој најголем клиент“, рече Бирол во интервју за Еуроњуз.

На прашањето дали Русија може да ги замени европските клиенти со оние од други региони, Бирол рече дека тоа нема да биде лесно бидејќи голем дел од рускиот гас потекнува од западен Сибир, а потоа преку гасоводите тече во Европа.

Тој потврди дека изградбата на целосно нови гасоводи до Кина или Индија може да потрае и до десет години и ќе бара многу технологија и инвестиции.

„Не продавате кромид на пазарот, туку природен гас. Тоа е друга работа“, вели Бирол.

Меѓународна криза од невидени размери

Зборувајќи за меѓународната криза, Бирол рече дека тоа е криза од невидени размери и обем, која предизвикува пустош во сите делови на светот.

„Ние сме во екот на првата вистинска глобална енергетска криза. Нашиот свет никогаш, никогаш не бил сведок на енергетска криза со ваква длабочина и сложеност. Во 1970-тите имавме нафтена криза, но тоа беше само нафта. Сега имаме нафта, природен гас, јаглен, струја. Причината е многу едноставна: Русија е најголемиот извозник на енергија во светот“, рече шефот на ИЕА.

Бирол ја опиша Европа како „епицентар“ на бурата и наведе дека не е во ред што десетици години се потпирала на евтините руски горива.

Шефот на ИЕА рече дека континентот ќе може да ја преброди претстојната зима без поголеми штети на економски и социјален план, но само ако зимата не е премногу долга и премногу студена.

Сепак, тој изрази поголема загриженост за следната зима и за зимата во 2024 година.

Тој рече дека е загрижен за три работи: недостигот од руски гас во Европа, економското закрепнување на Кина и заострените услови на пазарите на течен природен гас.

„Во следните неколку години треба да бидеме подготвени да се соочиме со нестабилни и високи цени на енергијата и мора да најдеме решенија. Да бидам многу искрен, оваа зима ќе биде тешка, а следната може да биде уште потешка“, изјави Бирол.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе