Со нов покрив

Фасцинантниот нов дизајн на Нотр Дам може да обезбедува енергија за цел Париз (ФОТО)

Покривот ќе има и градина, во која ќе се одгледуваат овошје и зеленчук, ако биде прифатен дизајнот.

 

Париската катедрала Нотр Дам можеби ќе биде опремена со нов покрив, кој ќе ја користи сончевата енергија за да обезбеди доволно енергија за напојување на околните згради, ако биде прифатен дизајнот.

Составена од стаклени панели во облик на дијамант опкружени со ламинирани дрвени греди, архитектонската фирма Винсент Калебо тврди дека ќе го претвори легендарното обележје во зграда со обновливи извори на енергија.

Панелите ќе ја складираат сончева енергија, соопшти оваа париска фирма, а бидејќи ќе се складира и повеќе од доволно енергија за да се напојува катедралата, вишокот би можел да се канализира во блиските згради. 

На покривот, исто така, ќе има и градина, во која ќе се одгледуваат овошје и зеленчук за сиромашните и бездомниците во градот.

Стаклени делови од таванот што го делат покривот од внатрешноста ќе овозможат внатрешноста на катедралата да биде облеана со природна светлина.

Ова е еден од големиот број дизајни поднесени откако француската влада објави меѓународен конкурс за дизајнирање нов покрив откако стариот дрвен покрив изгоре во катастрофалниот пожар годинава.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе