Фармацевтските компании го критикуваат Бајден зашто го поддржа укинувањето на патентите за вакцини

Фармацевтските компании изјавија дека поддршката на американскиот претседател за укинување на патентите за вакцините против ковид-19 може да го наруши кревкиот синџир на снабдување и дека, наместо тоа, богатите земји треба повеликодушно да ги споделуваат вакцините со земјите во развој.

Фото: ЕПА

Џо Бајден во средата го поддржа укинувањето на патентите за вакцините против ковид-19, што предизвика бес кај фармацевтските компании.

Доколку Светската трговска организација (СТО) го прифати предлогот, ќе се појават нови производители без потребното знаење и надзор од изумителите за да се истиснат сигурните добавувачи, се вели во соопштението на Меѓународната федерација на фармацевтски производители и асоцијации (ИФПМА).

„Слушнав дека многу (производители на вакцини) велат дека нашите ресурси се слаби, а нашите техничари се исцрпени''“, изјави генералниот директор на ИФПМА, Томас Куени, за Ројтерс.

Тој предупреди на можен хаос доколку биде дозволено вклучување на „несоодветни компании“.

Компаниите што развиле вакцина исто така ја критикуваа изјавата на Бајден.

„Патентите не се ограничувачки фактор за производство или снабдување на нашата вакцина. Тие не би го зголемиле глобалното производство и снабдувањето со дози на вакцини на краток и среден рок“, рече германски Бионтек, кој ја произведе вакцината со Фајзер и планира да испорача до 3 милијарди дози годинава.

Бионтек наведува дека повеќе од една деценија го развива процесот на производство на вакцини и дека за нејзино реплицирање, меѓу другото, се потребни искусен персонал и внимателен трансфер на технологија.

Кјурвак, друга германска компанија што планира овој месец да ги презентира резултатите од тестовите за својата иРНК-вакцина, рече дека патентите не се виновни за недоволно брзото снабдување.

„Бидејќи иРНК-технологијата се појави како клучна технологија во борбата против ковид-19, на светот сега му се потребни истите суровини во неверојатни количества. Најголемиот проблем е како да се координира ова“, рече портпаролката на компанијата.

Директорот на ИФПМА Куени вели дека бариерите за испорака на вакцини се трговски пречки, особено Законот за одбранбено производство на САД (ДПА). Тоа е закон што им дава приоритет на набавките поврзани со одбранбената сфера, но често се применува во кризи, како што се природни катастрофи.

Куени смета дека богатите земји треба да донираат вакцини во земјите во развој наместо да ги вакцинираат младите и здрави луѓе во своите земји.

Модерна, пак, посочи дека укинувањето на правата на интелектуална сопственост нема да помогне во зголемувањето на производството на нејзината вакцина во 2021 и 2022 година.

Минатата година американската фармацевтска компанија изјави дека нема да ги спроведува своите права на интелектуална сопственост.

Италијанската Реитера, чија експериментална вакцина е во завршна фаза на тестирање, исто така го критикува укинувањето на патентите.

„Постои знаење што сопственикот мора да го пренесе“, рече директорот за технологија на Реитера, Стефано Колока.

За разлика од фармацевтските компании, алијансата ГАВИ, која со СЗО ја спроведува програмата за дистрибуција на вакцините КОВАКС, ја поздрави поддршката на Бајден за укинување на патентите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе