Фараж: Датумот за брегзит повторно ќе се помести

Датумот за излез на Велика Британија од Европската унија повторно ќе биде одложен затоа што парламентот ќе го отфрли обидот на Џонсон да склучи нов договор со ЕУ, изјави лидерот на брегзитерската партија Најџел Фараж.

Фараж, водачот на кампањата за брегзит, рече дека напуштањето на ЕУ на 31 октомври сега е под знак прашалник бидејќи политичката елита во Лондон се договара со ЕУ да ја измами волјата на гласачите, кои на референдумот во 2016 година одлучија да ја напуштат Унијата.

Тој додаде дека во Велика Британија владее најголемата поделеност, уште од Англиската граѓанска војна од 17 век и дека Џонсон ризикува да ја уништи Конзервативната партија, бидејќи сака повторно да го заживее неуспешниот договор на неговата претходничка Тереза Меј со ЕУ.

„На самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 17 и 18 октомври, ќе добие нешто од ЕУ и Борис тоа ќе го претстави пред парламентот пред 31 октомври и, претпоставувам, договорот нема да помине“, рече Фараж во интервју за Ројтерс.

„Значи, ние нема да излеземе на 31 октомври и тогаш навистина сме во неистражени води - дали парламентот ќе наметне нов референдум или ќе имаме избори, навистина не знам“, заклучи Фараж.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе