Фајзер: Вакцината е безбедна за деца на возраст од 5 до 11 години

Фајзер објави дека студијата од втора и трета фаза покажала дека нејзината вакцина против коронавирусот е безбедна и има силен имунолошки одговор, односно произведува доволно антитела за да ги заштити децата на возраст од 5 до 11 години.

Фото: ЕПА

Ова се првите вакви резултати објавени за оваа возрасна група за вакцината на американскиот производител. Но тие забележуваат дека податоците сѐ уште не се рецензирани ниту објавени, пишува Си-ен-ен.

Фајзер додава дека се планира резултатите од тестовите наскоро да бидат доставени до Американската администрација за храна и лекови за одобрување за итна употреба.

Студијата опфатила 2.268 учесници на возраст од 5 до 11 години и се давале две дози од вакцината, на растојание од 21 ден.

Во овие студии се користела доза од 10 микрограми, помала од дозата од 30 микрограми користена за лицата над 12-годишна возраст.

„Дозата од 10 микрограми е внимателно избрана како најпосакувана доза за безбедност, подносливост и имуногеност кај деца од 5 до 11 години“, рече Фајзер во изјавата.

Имунолошките одговори на учесниците биле мерени со следење на нивоата на неутрализирачките антитела во крвта и споредување на овие нивоа со контролната група стара од 16 до 25 години, која добила две дози со повисока доза од 30 микрограми.

Фајзер додава дека нивото на антитела е добро споредливо со постарите луѓе што примиле поголема доза, покажувајќи „силен имунолошки одговор кај оваа група деца еден месец по втората доза“.

„Понатаму, вакцината против коронавирусот беше добро толерирана и несаканите ефекти беа генерално споредливи со оние забележани кај учесниците на возраст од 16 до 25 години“, објави Фајзер.

Портпаролот на Фајзер потврди и дека нема случаи на миокардитис.

Вакцината на Фајзер во моментов е одобрена за лица на возраст од 16 години и повеќе, како и за возраст од 12 до 15 години. Тие додаваат дека ги очекуваат резултатите од тестот за деца на возраст од шест месеци „веќе во четвртиот квартал од оваа година“.

„Од јули детските случаи на ковид-19 се зголемија за околу 240 проценти во САД, што ги нагласи потребите на јавното здравство за вакцинација. Овие резултати од испитувањата даваат силна основа за барање одобрување за нашата вакцина за деца на возраст од 5 до 11 години, а ние планираме итно да ги доставиме до ФДУ и другите регулатори“, рече Алберт Бурла, претседател и извршен директор на Фајзер, во изјавата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе