Компаниите објавија дека новите податоци, засновани на студија на 2.228 учесници, би можеле да помогнат во нивното барање за целосно одобрување на вакцината во САД и во светот.
Не се забележани сериозни безбедносни проблеми кај вакцинираните испитаници чија состојба била следена најмалку шест месеци по втората доза, се вели во соопштението на компанијата.
„Додека глобалната здравствена заедница работи на зголемување на бројот на вакцинирани луѓе ширум светот, дополнителните податоци што ги презентираме придонесуваат и за дополнителна доверба во безбедноста и ефикасноста на нашата вакцина кај адолесцентите“, рече извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла.
„Резултатите од нашата студија се особено важни во време кога во некои региони сме сведоци на зголемување на заразата со ковид-19 во оваа возрасна група, а во исто време процесот на вакцинација против ковид е успорен. Се радуваме што овие податоци можеме да ги споделиме со ФДА и другите регулаторни тела“, рече тој.
Вакцината во мај во САД доби „одобрување за итна употреба“ за адолесценти, а Фајзер и Бионтек планираат наскоро да побараат целосно одобрување.
Во моментов е целосно одобрен само за лица над 16 години.
Меѓу 2.228 учесници кои учествуваа во студијата, имало 30 потврдени симптоматски случаи на ковид без докази за претходна инфекција.
Важно е да се истакне дека сите случаи се евидентирани во групата која примила плацебо, па од компаниите велат дека резултатите укажуваат на стопроцентна ефикасност на вакцината.
Беше забележано дека ефикасноста е подеднакво висока без оглед на полот, расата, нивото на дебелина или статусот на коморбидитет.
Главното безбедносно прашање во оваа возрасна група е помалиот ризик од миокардитис, воспаление на срцевиот мускул поврзано со вакцината што е забележано кај машката популација.
Но, таквите случаи се многу ретки, а досегашните податоци покажуваат дека придобивките од вакцинацијата сè уште ги надминуваат ризиците.
Експертите посочуваат дека и ковид може да предизвика миокардитис, додавајќи дека во случај на заболување со ковид се јавува почесто и обично се работи за потешка форма на болеста.