Фајзер од вакцината за коронавирусот годинава очекува приход од 15 милијарди долари

Фајзер очекува околу 15 милијарди долари приходи во 2021 година од продажбата на вакцината за ковид-19. Компанијата го објави ова во рамки на кварталните резултати од последниот квартал на 2020 година.

EPA-EFE

Вакцината развиена со германскиот партнер Бајонтек прво беше одобрена за итна употреба во САД.

„Како компанија сведочевме на кулминацијата на десетгодишната трансформација на Фајзер во компанија насочена на наука и иновации. Пандемијата ја тестираше нашата способност брзо да се снајдеме и да ја користиме најмодерната наука за помош во решавањето на најважните медицински предизвици во светот“, кажа шефот на Фајзер Алберт Бурла.

Американската компанија, како и другите произведувачи на вакцини против ковид-19, се труди да ја задоволи побарувачката која ќе помогне во сопирањето на пандемијата. Од Фајзер наведуваат дека очекуваат до 31 јули да испорачаат 200 милиони дози вакцини во САД. Неодамна побараа помош од францускиот произведувач на лекови Санофи да им помогне во производството на дозите.

Од компанијата наведуваат дека се спремни за соочување со новите, позаразни соеви на вирусот.

Истражувањето кое го спровела компанијата откри дека новите, позаразни соеви на коронавирусот откриени во Британија и Јужна Африка имале само мало влијание врз ефикасноста на нејзината вакцина. Сепак, Фајзер развива систем за заштитата од новите варијанти да биде поефикасна.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе