Верува дека ќе биде потребна трета доза вакцина

Фајзер очекува 33,5 милијарди долари оваа година

Компанијата Фајзер ја зголеми прогнозата за продажба на вакцини во 2021 за 29 отсто, на 33,5 милијарди долари. Фајзер соопшти и верува дека на луѓето ќе им биде потребна трета доза вакцина против ковид-19 која ја произведе со германски Бајонтек за да се задржи силната заштита од вирусот.

EPA-EFE

Фармацевтскиот гигант можеби уште во август ќе побара одобрување за итна употреба на трета доза, пренесува Ројтерс.

Податоците покажале дека количеството антитела по третата доза е пет пати поголемо кај младите лица, а 11 пати кај старите, отколку по две дози, против позаразниот делта сој, соопшти Фајзер.

Ројтерс пренесува дека акциите на Фајзер пораснале за 3,5 отсто, на 43,57 долари.

Одлуката на Фајзер претходно месецов да побара одобрување за трета доза наиде на критики на американските здравствени регулатори кои велат дека нема доволно податоци кои покажуваат дека е потребен засилувач. Во меѓувреме, милијарди луѓе во други земји сè уште чекаат прва доза од вакцините.

Фајзер, чија вакцина е одобрена во САД, Европа и други делови од светот во декември 2020 доби нови нарачки бидејќи ривалите Астразенека и Џонсон&Џонсон се соочија до производни и безбедносни пречки.

Компанијата се натпреварува и со американската компанија Модерна, која не успеа да го зголеми производството толку брзо колку поголемиот ривал.

Ажурираната прогноза на продажбата е заснована на потпишаните договори за 2,1 милијарди дози, наведува Ројтерс и додава дека прогнозата може да биде повторно зголемена ако Фајзер потпише дополнителни договори.

Фајзер соопшти дека испорачал милијарда дози вакцини од декември. Фајзер и Бајонтек имаат производна цел од околу три милијарди дози оваа година. Двете компании ги делат трошоците и профитот 50-50, истакнува Ројтерс.

Американската корпорација и нејзиниот германски партнер планираат следниот месец да тестираат верзија на вакцината специјално дизајнирана за борба против делта сојот, и првиот контингент е веќе произведен. Сојот кој побрзо се шири сега сочинува повеќе од 80 отсто од новите случаи на ковид-19 во САД, а стана доминантен и во многу други земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе